ЗА НАС

Воведување на висок квалитет во денталната индустрија

TRATE AG е компанија со седиште во Швајцарија, произведувач на медицински помагала, како и сопственик на производен погон лоциран во рамките на Европската Унија. TRATE се фокусира на дизајн, развој, производство, маркетинг и дистрибуција на стоматолошки и максилофацијални производи, како што се забниот имплантен систем ROOTT, како и релевантните стоматолошки надградби и хируршки инструменти.
Во основата на претпријатието е практичното искуство на стоматолозите, големо производствено знаење и разбирање на она што е потребно за успешно функционирање на стоматолошките ординации низ целиот свет.
Наша цел е да се зголеми ефикасноста во производството и дистрибуција на нашите производи, одржувајќи високи стандарди за квалитет и безбедност. Ние имаме своја глобална мрежа за дистрибуција, која ни овозможува да гарантираме светска класа на услуги.

 

Гаранција од глобалните и локалните признанија
Ние работиме на системот за управување со квалитет врз основа на EN ISO 13485: 2012 што е потврдено со меѓународен сертификат издаден од водечкиот глобален известувачки институт – BSI (ВеликаБританија).
Нашите производи се сертифицирани во согласност со одредбите од Европската Директива за Медицински Уреди 93/42 / ЕЕЦ Анекс II и Анекс V. Во сите земји каде што производите на TRATE се присутни , официјално претставени од страна на локалниот дилер, TRATE ги поседува локалните сертификати за сигурност и квалитет.

 

Дизајнирани и создадени во рамките на Европската Унија
Нашиот производен погон се наоѓа во рамките на ЕУ (TRATE UAB), опремен со швајцарски тип на стругови на кои се врши изработка, површинска обработка, контрола на квалитетот, миење и дезинфекција, како и со чиста соба за пакување на нашите производи.
Местото на производство има една зграда од околу 900 м2, 5 швајцарски тип стругови, ISO 6 и ISO 7 чисти соби, различна опрема за површинска обработка, чистење и пакување од водечките производители од Швајцарија, Германија и Италија. Производството се изведува 24 часа на ден, 7 дена во неделата, со околу 50 вработени и се произведува околу 20 000 различни компоненти месечно.

 

Соработка со водечки меѓународни партнери
TRATE користи суровини од водечкиот производител на медицински легури компанијата Zapp AG (Германија), која е доверлив глобален снабдувач за медицинската индустрија.
Стерилизација на производите се врши од страна на водечки снабдувач на гамастерилизација и микробиолошко испитување на медицински помагала – BBF Sterilisations-Service GmbH (Германија), која е акредитирана од страна на Германскиот национален институт за акредитација DAkkS и сертифицирани во согласност со ISO 9001, ISO 13485 и ISO 11137 за да се обезбеди гама стерилизација и валидација во согласност со ISO 11137. За TRATE тие исто така обезбедуваат микробиолошки лабораториски услуги, валидација на пакувањето во согласностсо ISO 11.607-1 и валидација на чистотата.
Финална верзија на производите, дизајн и развој, тестирање и истражување, локални и глобални сертификати, издавање на дозвола за продажба и дистрибуција на производи се згрижени од страна на TRATE AG (Швајцарија).

 

Тим од висококвалификувани академски професионалци
TRATE има меѓународен тим на професионалци со отворен ум, кои го сакаат она што тие го прават и ги применуваат своите знаења за создавање на сигурни и високо квалитетни производи.